27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФотографии кои покажуваат како ќе изгледаат „Huawei Mate 40“ и „Mate 40...

Фотографии кои покажуваат како ќе изгледаат „Huawei Mate 40“ и „Mate 40 Pro“

„Huawei“ се потпира на камерите во своите премиум модели и без изненадување е дека компанијата ќе продолжи да го прави тоа во серијата „Mate 40“, која ќе биде објавена наесен.

Благодарение на „@OnLeaks“ сега можеме да ги видиме првите рендери на „Mate 40“ и „Mate 40 Pro“, кои детално го откриваат дизајнот на моделите.

Гледаме дека во однос на дизајнот, компанијата ќе го продолжи она што го започна со „Mate 30 Pro“, но ќе додаде и елементи на „P40 Pro“. Главната камера повторно е поставена во тркалезна површина, но нејзините димензии се значително зголемени. Камерата на „Mate 40“ вклучува три сензори за фотографии и дополнителен отвор, во кој може да се сместат ласерски автофокус или сензор за „3D ToF“.

Кај „Mate 40 Pro“ се забележува и четврти фотографски сензор со оптика за перископ. Сепак, досега не знаеме дали ќе обезбеди оптички зум од 5x или 10x. Вреди да се одбележи дека и покрај силно заоблените страни на екранот на „Mate 40 Pro“, уредот ќе има хардверски копчиња за контрола на јачината на звукот. „Mate 40“ има и двостран закривен дисплеј, но кривата е многу помала.

Инаку, двата телефони имаат овална дупка на дисплејот за двојна селфи камера како кај „P40 Pro“. Според информациите, уредите ќе имаат дисплеи со дијагонала од 6,4 инчи и 6,7 инчи, во кои ќе биде вграден сензор за отпечатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП