24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА успешно го лансираше роверот кој треба да даде конечни докази за...

НАСА успешно го лансираше роверот кој треба да даде конечни докази за живот на Марс (видео)

Со денешното лансирање на роверот „Персеверенс“ (Истрајност), НАСА ја почна својата најнова мисија на Марс, која многумина ја сметаат за најамбициозен обид да се пронајдат докази дали некогаш имало живот на т.н. Црвена планета.

Роверот беше лансиран во вселената со ракетата „Атлас 5“, а лансирањето може да го погледнете во видеото подолу.

„Персеверенс“ ќе има задача да ја пребарува површинта на планетата за остатоци од древни микроби кои можеби биле населени таму пред повеќе од три милијарди години.

Претходните американски мисии утврдија дека животот на Марс е можен, т.е. дека постојат поволни услови за живот. „Персеверенс“ е подобрената верзија на роботот „Кјуриозити“ што слета на Марс во 2012 година и ќе ги анализира карпите на Марс, а пред сè ќе земе примероци што следната мисија ќе ги донесе на Земјата во 2031 година, пишува АФП.

„Се уште не знаеме дали постоел живот на Марс, а оваа мисија, наречена Марс 2020, ќе се обиде да одговори на тоа прашање. За прв пат во историјата, НАСА посвети мисија на астробиологија, истражување за живот, сегашен или поранешен, на еден друг свет“, рече Џим Бриденстајн, шеф на НАСА.

Роботизираниот ровер предвидено е до Марс да патува седум месеци и да слета во кратерот Jeзеро 18 во февруари 2021 година.

Се работи за ровер со шест тркала, кој тежи 1.040 килограми. Тој носи и мал хеликоптер кој ќе се обиде летаќи да ја истражува Црвената планета. Роверот има и роботска рака, серија камери, пар микрофони и други додатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП