29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Huawei“ го надмина „Samsung“ во продажбата на смартфони

„Huawei“ го надмина „Samsung“ во продажбата на смартфони

Кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei Technologies“ го надмина „Samsung“ како најголем светски производител на паметни телефони во второто тримесечје од 2020-та година, се вели во извештајот на истражувачката компанија„Canalys“.

„Ова е прв пат по девет години компанија што не е „Apple“ или „Samsung“ да доминира на светскиот пазар“, објавија од „Canalys“.

Компанијата сè уште се соочува со санкции за трговија со САД и забележа намалување од 27 проценти во странските пратки во второто тримесечје, според извештајот на „Canalys“. Сепак, нејзината доминација на кинескиот пазар доведе до осум проценти зголемување на домашните пратки.

Благодарение на релативно брзото закрепнување во Кина од пандемијата, „Huawei“ сега продава повеќе од 70 проценти од своите мобилни телефони на домашниот пазар.

Иако компанијата со седиште во Шенжен забележа пад на продажбата од пет проценти од истиот квартал во минатата година, нејзиниот јужнокорејски конкурент „Samsung“ забележа многу подраматичен пад на продажбата од 30 проценти, благодарение на нарушувањата во снабдувањето на клучните пазари како САД, Европа и Бразил.

„Huawei“ испорача 55,8 милиони смартфони во вториот квартал, соопшти „Canalys“, додека „Samsung“ има испорачано 53,7 милиони уреди.

„Тоа е исклучителен резултат кој го предвидоа само неколку луѓе пред една година. Да не беше пандемијата со ковид-19, тоа немаше да се случи“, рече аналитичарот на „Canalys“, Бен Стантон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП