19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКривична одговорност за газдите кои се обидоа да заработат на маката на...

Кривична одговорност за газдите кои се обидоа да заработат на маката на работниците мора да има!

Јавноста врие од незадоволство и разочараност од голем дел од работодавачите кои решија парите добиени од државата за исплата на минимална плата на работниците да си ги стават во сопствениот џеб. Социјалните мрежи се преплавени со коментари и повици за кривична одговорност за сите оние газди кои се обидоа да заработат на грбот на своите вработени.

Работодавачи, синдикати, активисти, сите едногласни и децидни, одговорност за ваквите потези мора да има. Да се стави крај веќе еднаш на злоупотребата на работната сила.

Од Бизнис конфедерацијата на Македонија за Денар велат дека за жал  сеуште постои неодговорно однесување на сопственици и управители  на фирми кои пред се не почитуваат луѓе, колеги, одговорни работници и нивните деца и семејства.

„Ги  охрабруваме надлежните од УЈП  да ги објават називите  на фирмите, сопствениците и управителите на фирмите кои не ги исплатиле платите на своите вработени(секако внимавајки на обврските од Законот за заштита на лични податоци). За жал овие индивидуални случаи ги  поткопуваат сите напори на останатите фирми за одржување на довербата со вработените и општествената одговорност, затоа  мора  да бидат соочени со последиците од себичното однесување”, вели Миле Бошков од БКМ

Од Сојузот на синдикати на Македонија се огорчени од податоците кои вчера ги презентираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Синдикалците веќе алармираа дека вакво нешто се случува во фирмите. Дарко Димовски, претседател на ССМ за Денар вели дека пред повеќе од еден месец добиле информации дека и покрај тоа што дел од работодавачите добиле средстава од Владата за субвенционирање на платите, работниците или не добиваат ништо или пак им се исплаќаат помали суми од законски загарантираната минимална плата.

„За ваквите постапки некој треба да одговара и да заврши во затвор. Не е доволно газдите на компаниите само да добијат парични казни за тоа што не им исплаќале плати на вработените. Потребна е кривична одговорност. Мора да се спречи збогатувањето со државни пари и се тоа на грбот на работниците“, вели Дарко Димовски претседател на ССМ

За активистот на работнички права, Здравко Савески очeкувана бeшe злоупотрeбата на државната помош од страна на капиталиститe. Тиe сe навикнаа рeчиси сe’ да им поминe кога станува збор за кршeњe на правата на работницитe, па зошто нe и ова, вели Савески. Според него државата тоа им го дозволува и настрана попатнитe критики од страна на нeкои институции, како во овој случај, од УЈП, во практика многу чeсто отсуствува конкрeтна акција. Смета дека инспeкторатот за труд e намeрно обeзвластeн како институција, а eдeн од показатeлитe за тоа e што во Инспeкторатот има помалку вработeни од она што e прeдвидeно со систeматизацијата.

„Работницитe мора да ја научат лeкцијата од овиe 30 години дeка никој нeма да застанe да ги брани нивнитe права, ако самитe сeдат со скрстeни рацe. Во услови на криза e така уштe повeќe отколку во „нормални“ врeмиња. Ако нe сe сака нивниот газда да сe збогатува на нивна смeтка, додeка тиe тонат во сиромаштија, мора да сe организираат и спротивстават, намeсто да чeкаат од државата или од нeкој друг да им ја срeди работата. Ако нeма дополнитeлeн притисок од работницитe и синдикатитe, сeто ова ќe сe заврши на само eдна прeс конфeрeнција на УЈП од статистички карактeр“, вели Здравко Савески, граѓански активист.

Податоците кои вчера ги објави УЈП покажуваат дека дури 700 компании не им исплатиле плата на своите вработени за април и мај месец иако за тоа добиле финансиски средства од државата. Станува збор за 1700 работници кои во тие два месеци дома не донеле плата иако државата обезбедила средства но наместо на нивните сметки парите завршиле во џебот на нивните газди. Дополнителни речиси четири илјади компании решиле да им ја намалат загарантираната минимална плата на нешто повеќе од 52 илјади вработени во приватниот сектор.

Од Управата за јавни приходи упатија апел до несовесните работодавачи веднаш да ги уплатат добиените пари од државата на сметките на  нивните вработени. Како санкција тие ќе треба сега согласно Законот за социјално осигурување во целост да ги вратат добиените пари на државата со камати, а ќе бидат и јавно објавени да служат како пример кој не треба да се повтори во иднина.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП