19 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците пријавија проблем на производителот, реагираат и експертите!

Корисниците пријавија проблем на производителот, реагираат и експертите!

Компанијата „Google“ никако да се ослободи од проблемите поврзани со „Pixel“ телефоните.

Најновиот е поврзан со батеријата во уредот, односно куќиштето, кое „отекува“, т.е. се надувува во еден дел, наводно поради конекторот за батеријата и поради тоа се одвојува од стаклената плоча на задната страна на телефонот.

Овој е потенцијално опасен проблем, кој би може да значи оштетување на уредот и да има последици по безбедноста на луѓето, кои го користат моделот „Google Pixel 4 XL“. „PhoneArena“ го опиша како „отекување на батеријата“, а кое предизвикува раздвојување на задниот панел од остатокот од куќиштето и проблем со одвојување на делови на телефонот.

Овој случај не е единствен и на „Reddit“ се јавуваат корисници, кои го имаат истиот проблем, но со различен интензитет – едни јасно го гледаат проблемот со одвојувањето на задниот панел поради „отекувањето“ на батеријата, други пријавуваат дека проблемот не е толку забележителен, но е присутен во помала мерка.

Компанијата „Google“ прими неколку поплаки за оваа ситуација, но на почетокот на реагираше и ги испраќаше корисниците во сервис. За жал, проблемот се влошува, телефонот продолжи да се одвојува на поголем број на корисници на „Google Pixel 4 XL“ уредот.

„Google“ по зголемениот број на жалби мораше да реагира и да го истражи случајот. Засега ги упати корисниците во овластените сервиси и им рече дека нема место за паника, затоа што проблемот најверојатно нема врска со батеријата. Во својата изјава за медиумите, „Google“ кратко наведе дека ситуацијата со одвојувањето на стаклениот панел се случува и на „Pixel 4“ и на „Pixel 4 XL“ моделите и дека корисниците би требало да побараат помош од некој од стручните „Pixel“ тимови, а чии контакти ќе ги добијат на „Google Pixel Help“ страницата. Нормално ова важи за корисниците „на Google Pixel“ телефоните кои ги имаат купено легално, односно во овластените продавници.

Без оглед на истражувањето на „Google“, некои експерти кои се корисници на „Reddit“ и натаму тврдат дека проблемот е во конекторот на батеријата, кој предизвикува нејзина деформација и покрај низата проблеми, кои потоа настануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП