26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕФинансиска „инекција“ на САД пред последната фаза тестирање на вакцината на Moderna

Финансиска „инекција“ на САД пред последната фаза тестирање на вакцината на Moderna

Американската влада го удвои на скоро една милијарда долари вложувањето во развој на потенцијална вакцина против COVID-19 на американската компанија Moderna, која влегува во последната фаза од клиничкото испитување.

Moderna во април доби 483 милиони долари кога производството на вакцини беше во рана фаза, а американсската сојузна агенција за фармацевтски технологии сега вети дека ќе издвои уште 472 милиони американски долари.

Компанијата во соопштението истакна дека има намера да спроведе многу пообемно клиничко испитување во третата фаза од тоа што беше предвидено.

Moderna во понеделник ќе започне со тестирање на потенцијалната вакцина на 30.000 луѓе, пренесува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП