28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Facebook“ воведува нова услуга, а може да ја користат и тие што...

„Facebook“ воведува нова услуга, а може да ја користат и тие што немаат профил

Друштвената мрежа „Facebook“ објави дека е пуштена услугата која на корисниците ќе им овозможи видео-повик со 50 учесници.

Корисниците може да повикаат луѓе да се приклучат во „Messenger“-собите, вклучувајќи ги и оние кои немаа „Facebook“ профил, и ќе бидат дел од групниот видео-повик во живо на било кој профил, интернет страна или група на платформа, велат од оваа друштвена мрежа.

„Facebook“ посакува да земе дел од „колачот“ кај видеоконференциите кои поради пандемијата на коронавирусот станаа и тоа како популарни, а најпозната од нив е платформата „Zoom“.

И други технолошки компании претставија слични услуги со цел да ги привлечат корисниците, па така „Google“ им дозволи на корисниците да организираат видеоконференции на „Meet“.

Од „Facebook“ истакнаа дека услугата на почетоко ќе биде воведена само во некои земји на нивната плаформа и на интернет „Messenger“, и дека наскоро услугата ќе биде проширена во сите земји во кои се достапни „Messenger“-собите.

Емитувањата во живо на „Facebook“ двојно се зголемија во јуни во споредба со една година претходно и токму поради порастот на таквите емитувања од март кога во некои земји беше воведен карантин и мерки за социјално дистанцирање со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП