20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКина ја лансираше првата беспилотна мисија на Марс

Кина ја лансираше првата беспилотна мисија на Марс

Кина денес лансираше беспилотна сонда на Марс, како дел од својата прва независна посета на друга планета, пренесува Reuters. Коментаторите сметаат дека ова е обид на Пекинг да ги докаже своите глобални амбиции и да го преземе водството во вселенските технологии.

Најголемата кинеска ракета „Long March 5“ беше лансирана со сонда утрово во 6,41 часот од Центарот за лансирање во Венчанг, на островот Хаинан во јужниот дел на Кина.

Наречена „Tianven-1“, мисијата на Кина се состои од планетарен орбитер, лендер и ровер.

Кога ќе стигнат до Марс, сите три вселенски летала ќе работат во тандем за да ја проучуваат геологијата на Марс и да научат повеќе за тоа што би можело да се наоѓа под површината на „Црвената планета“.

Се очекува сондата на својата дестинација да пристигне во февруари, а планетарниот ровер, доколку направи успешно слетување, ќе ја истражува планетата 90 дена.

Тоа е втора мисија испратена на Марс оваа недела, по Обединетите Арапски Емирати, која во понеделникот од вселенското пристаниште во Јапонија ја лансираше својата прва ракета на истата планета.

Соединетите Американски Држави следната недела од Кејп Канаверал ќе го лансираат својот ровер наречен „Персерванс“.

Кина се обидува брзо да се израмни со Русија и САД и да се позиционира како водечка вселенска сила до 2030 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП