Уште два модели на „Ford“ во Европа ги добија своите „Active“ верзии кои се наменети за возење по различни патни подлоги и терени.
„Ford“ веќе на купувачите им понуди неколку свои модели во оваа „крос“ верзија, а сега тоа го стори и за возилата „Tourneo Connect“ и „Transit Connect“.
Покрај тоа што имаат заштитни елементи на долните делови од каросеријата и карактеристични шини на покривот, кај овие два модели значително е зголемено растојанието од тлото и тоа за 24 mm.
Aвтомобилите исто така имаат специјално дизајнирани 17-инчни „Active“ алуминиумски бандажи, специфична маска на ладилникот која ги одликува и другите „крос“ модели на „Ford“ во Европа, како и ознаката „Active“ на предните калници и на вратите на багажникот.
„Tourneo Connect Active“ и „Transit Connect Active“ ќе почнат да се продаваат подоцна во оваа година, а купувачите може да нарачаат и изборен механички диференцијал со ограничено пролизгување, кој помага при возење по нерамен терен.
Двата модели за погон ќе користат 1.5-лигарски „EcoBlue“ турбо-дизел мотор кој ќе биде достапен во верзии со 100 KS и 120 KS.
Моторите пристигнуваат во комбинација со 6-брзински мануелен или 8-степен автоматски менувач.