25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter ги отстранува профилите на теоретичарите на заговор на „QAnon“

Twitter ги отстранува профилите на теоретичарите на заговор на „QAnon“

Twitter објави дека трајно ќе ги отстрани профилите поврзани со, како што процени, „екстремни теории на заговор“, како што е групата „QAnon“, која тврди дека делови од американските власти заговарале против претседателот Доналд Трамп, пренесува Reuters.

Компанијата најави измени во регулативата за користењето на оваа социјална мрежа, велејќи дека нема да обезбеди содржина и сметки поврзани со QAnon во трендови и препораки, како и дека ќе го блокира споделувањето на сите URL адреси поврзани со оваа група.

Со новите правила ќе бидат опфатени околу 150.000 профили ширум светот, а досега поради манипулација со платформата, испраќање несакани пораки и други прекршувања на внатрешните регулативи се изгаснати повеќе од седум илјади сметки, соопшти Twitter.

Теоретичарите на заговор собрани околу групата QAnon тврдат дека во „тајната војна“ против Трамп се вмешани истакнати луѓе од сите делови на општеството, од разузнавачката заедница и политиката преку деловниот свет до Холивуд.

QAnon, меѓу другото, тврди дека членовите на Демократската партија се вмешани во бројни криминални потфати, а нивната содржина широко се пренесува на социјалните мрежи како Facebook, Tik Tok, Twitter и Youtube.

Facebook претходно објави дека отстранила мрежа на лажни профили поврзани со сметката QAnon, преку која масовно се споделувала содржината за заговор против Трамп.

Американското федерално биро за истраги на САД (FBI) го третира QAnon како „домашни екстремисти и потенцијална закана“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП