19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus Nord - нов телефон со шест камери и 5G конекција

OnePlus Nord – нов телефон со шест камери и 5G конекција

Бидејќи коронавирусот ја оневозможи вистинската презентација на новиот телефон OnePlus, тие ја приредија следната најдобра работа – презентација преку AR, односно преку зголемена реалност.

Така се запознавме со OnePlus Nord. Nord е во голема мера враќање на она што во основа беа телефоните OnePlus, висококвалитетно искуство по прифатлива цена. Овој уред, кој е подготвен за 5G мрежата, го покрева мобилната платформа Qualcom Snapdragon 765G 5G и доаѓа во две верзии, со 8 GB RAM меморија и 128 GB простор за складирање или 12 GB RAM меморија и 256 GB внатрешна меморија и цените се 420, односно 520 евра.

Nord има AMOLED екран со дијагонала од 6,44 инчи, резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели со сооднос 20:9 и освежување на содржината од 90Hz, но без HDR поддршка.

Системот на камерата е таков што има вкупно шест, предната е двојна, а на задниот дел има четири леќи. Селфи-камерата е сместена на екранот и е двојна. Првата е со резолуција од 32 MP со големина на пикселот од 0,8 микрони, како и ултра широка камера со агол од 115 степени. Камерата користи комбинација на четири соседни пиксели во една технологија и би требало да има подобри селфи фотографии од серијата OnePlus 8.

Главната камера има четири леќи. Примарната леќа е 48 MP со f / 1,75 апертура, OIS и EIS поддршка за фотографии и видео снимање. Всушност, исто како и кај OnePlus8. Има зумирање до 2x преку т.н. сечење на сликата без губење детали и квалитет, што значи дека нема класичен зум. Ултра широката камера има резолуција од 8 MPx и опфаќа агол од 119 степени, исто така има и макро камера со резолуција од 2 MPx и ToF 3D камера со резолуција од 5 MPx за длабочина и несакан ефект.

Nord поддржува Warp Charge 30T, за кој OnePlus тврди дека ќе ја наполни батеријата од 4,115mAh на 70% за половина час. Тој го воведе таканаречениот паметен полнач, кој е присутен и во водечките телефони на OnePlus, со цел да се минимизира количеството на време што батеријата го поминува на 100%, со цел да го подобри севкупното траење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП