3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПандемијата влијаеше и на „Novartis“

Пандемијата влијаеше и на „Novartis“

Компанијата „Novartis“ ја намали својата прогноза за продажба за годинава во услови на намалена побарувачка за некои лекови поради пандемијата, пренесува „Bloomberg“.

Продажбата се очекува да порасне за околу пет процентни поени, соопшти швајцарскиот фармацевтски гигант, намалувајќи ја својата априлска прогноза за раст во опсегот до едноцифрена процентна точка. Добивката, со исклучок на некои еднократни ефекти, се очекува да забележи раст на едноцифрени процентни поени во понискиот опсег – сепак, овие се повисоки очекувања отколку во претходните прогнози.

Ефектите од складирањето на лекови поради блокадите низ целиот свет, кои ја стимулираа продажбата на почетокот на кризата, почнаа да ослабуваат со продолжувањето на пандемијата. Инвеститорите ги следат промените во шемите за прием на пациенти во болниците, кои ја забавуваат употребата на лековите за рак, срцевите заболувања и другите состојби.

Нето добивката за три месеци до јуни се намали за 4% на 1,9 милијарди американски долари од 2,1 милијарди американски долари за истиот период во 2019-та година.

„Novartis“ известува дека во второто тримесечје, пандемијата Ковид-19 била негативна при продажбата на препаратот за очи „Lucentis“, некои дерматолшки лекови, како и некои од лековите „Sandoz“. Продажбата на „Zolgensma“, генетската терапија од 2,1 милиони американски долари, која минатата година беше одобрена во САД, е во согласност со очекувањата на аналитичарите. Вкупната продажба за кварталот беше 11,3 милијарди американски долари, што е намалување од 11,8 милијарди американски долари од претходната година.

Според „Novartis“, новите операции за развој на лекови на компанијата продолжуваат да се соочуваат со некои „управувачки“ потешкотии.

Цената на акциите на производителот кои се тргуваат во Цирих се намалија за 10% од почетокот на годината, но фармацевтскиот индекс на „Bloomberg – Europe 500 Pharmaceuticals“, се зголеми за 3,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП