24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОбединетите Арапски Емирати лансираа сателит на Марс

Обединетите Арапски Емирати лансираа сателит на Марс

Обединетите Арапски Емирати денес ја лансираа својата прва мисија на Марс, бидејќи, како што велат, тие сакаат да ги развијат своите научни и технолошки способности и да го намалат ослонувањето врз нафтата, пренесува Reuters.

Лансирањето на ракетата наречена “Amal” од вселенскиот центар Танегашима, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но истото беше одложено поради лошото време.

Планирано е патување долго 500 милиони километри, а роботското возило ќе пристигне на својата дестинација во февруари 2021 година, за 50-годишнината од основањето на Обединетите Арапски Емирати.

Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари и целта е да се обезбеди целосна слика за марсовската атмосфера за прв пат, проучувајќи ги дневните и сезонските промени, изјави министерката за напредни науки, Сара Амири.

Ова е прва успешна меѓупланетарна мисија на една арапска земја.

Обединетите Арапски Емирати досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата.

Јапонија има сопствена мисија на Марс, која е планирана за 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП