27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Google“ подготвува нов смартфон чиј главен адут ќе биде прифатливата цена

„Google“ подготвува нов смартфон чиј главен адут ќе биде прифатливата цена

На интернет се појавија бројни гласини околу претстојниот смартфон на „Google“, моделот „Pixel 4a“. Иако нема да го има најмоќниот хардвер, се чини дека комбинацијата на квалитет и поволната цена може да привлече бројни корисници.

”Кога станува збор за одличниот однос цена-квалитет, поточно поприфатливите телефони, со години размислувавме за телефоните на кинеските компании, за кои ова беа најсилните адути во однос на попознатите производители на мобилни телефони. Во моментов, состојбата на пазарот е таква што, со зголемувањето на цените на „топ“ моделот, сè повеќе корисници кои повеќе не сакаат да плаќаат илјада или повеќе долари за паметен телефони се свртуваат кон поевтините уреди, при што повеќе не станува збор само за „кинеските“, велат од Google.

„Apple“ и „Samsung“ исто така имаат адути на тој пазар со моделите „iPhone SE“ и „Galaxy A51“, а наскоро на пазарот ќе се појави уште еден паметен телефон кој може да привлече голем број на корисници кои бараат квалитет и прифатливи цени. Станува збор за смартфонот „Pixel 4a“ на „Google“, за кој веќе со месеци се шпекулира, а да не беше пандемијата, се шпекулираше дека компанијата ќе го преставеше уредот на конференцијата „Google I / О 2020“ во мај.

Најсилниот адут на новиот „Pixel“ треба да биде – цената. Се споменуваат 349 долари, а јасно е дека за тие пари корисниците нема да го добијат најсилниот и најдобриот хардвер. Она што можеме да очекуваме е чипсет на „Qualcomm Snapdragon 730G“, 6 GB RAM меморија, 128 GB простор за складирање и, што ќе биде важно за многумина, ќе има и 3.5 милиметарски приклучок за слушалки.

Дијагоналата на екранот треба да биде 5,81 инчи, а ќе има дупка во левиот агол на екранот за 8 MP – селфи камера. На задната страна, наместо 2, 3 или дури 4 камери што ги имаат најновите „топ“ модели на телефони, „Pixel 4a“ треба да има само една, со резолуција од 12 MP. Како и да е, како што покажа „Google“ во претходните генерации на своите мобилни уреди, благодарение на одличната оптика, но и напредниот софтвер и вештачката интелигенција, оваа камера може да фотографира фантастични фотографии, вклучително и фотографии во услови на ниска видливост, како и портретни фотографии со заматена позадина.

Сепак, неговиот главен адут треба да биде – цената, ако гласините за 349 долари се навистина точни, можеме да претпоставиме дека ќе има голема побарувачка за „Pixel 4a“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП