23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Samsung“ очекува 6G мрежите да започнат во 2028-та година

„Samsung“ очекува 6G мрежите да започнат во 2028-та година

Компанијата „Samsung“ предвидува дека мобилните мрежи од шеста генерација (6G) би можеле да започнат да се градат уште во 2028-ма година и да станат широко достапни во 2030-та година. Компанијата објави извештај во кој се дадени спецификациите и придобивките од следната генерација, пренесува „GSMArena.com“.

Во извештајот, „Samsung“ забележува дека 2028-ма година навистина изгледа многу брзо, особено ако се има предвид дека 5G мрежите сè уште не влегоа во употреба. Според компанијата, сепак, времето помеѓу секоја генерација на мобилни мрежи е традиционално пократко – 15 години за развој на 3G мрежите, на пример, и само 8 години за 5G мрежите.

„Samsung“ вели дека очекува „ITU-R“, кој е дел од Меѓународната унија за телекомуникации, да започне со работа на специфични технички параметри и визија за 6G веќе следната година. Сепак, „Samsung“ веќе ги презентираше главните цели што 6G мрежите ќе се обидат да ги постигнат.

Една од нив е врвна брзина од 1000Gbps и 1Gbps за масовниот потрошувач. Друга важна цел е многу помалата латентност – помалку од 10мм за корисниците и латентност на воздухот помалку од 100 микросекунди. Исто така, треба да има 10-кратно зголемување на стабилноста за важни услуги кои се потпираат на мала латентност. Такви се системите за одговор при итни случаи, медицинските технологии итн.

Сето ова ќе овозможи 6G мрежите да се користат за уште поамбициозни проекти и технологии. Меѓу нив е поврзаноста на сè повеќе сензори и уреди за извршување поголем број активности и анализи. Новите мобилни мрежи, исто така, ќе ја отворат вратата за дигиталните холограми со висока резолуција, пореална и детална виртуелна и мешана реалност, итн.

6G мрежите исто така ќе овозможат да се пренесува видео со резолуција од 16K и ќе може да се користи за понатамошно развивање на вештачка интелигенција (AI) – нивната голема брзина и стабилност ќе му овозможат на „АI“ да научи и да реагира побрзо и поадекватно.

Покрај тоа, „АI“ ќе игра улога во работењето на 6G мрежите. Вештачката интелигенција ќе може да ја оптимизира потрошувачката на енергија, да предвиди и да ги поправи мрежните и безбедносните проблеми и да ги подобри нивните вкупни перформанси. Технологијата исто така ќе помогне да се оптимизира мрежниот дизајн. Сето ова ќе потрае, бидејќи „Samsung“ вели дека иако 5G мрежите сè уште не се во употреба, ова не го спречува почетокот на работата на 6G мрежите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП