29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСпектакуларна снимка на Марс: Kратер полн со мраз(видео)

Спектакуларна снимка на Марс: Kратер полн со мраз(видео)

Европската вселенска агенција објави спектакуларна снимка од кратер на Марс, кој може да овозможи човечко населување и да биде извор на вода за човечката колонија ако некогаш се формира на соседната планета. Кратерот Королев, исполнет со мраз, бил снимен од воздух.

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки на површината на овој кратер направен со стерео камера со висока резолуција со цел да се направи 3Д приказ, пренесува RT.

Кратерот Королев се наоѓа во северниот дел на Марс и е исполнет со мраз во текот на целата година, бидејќи е природна „јама“ која го штити мразот од топење бидејќи е длабок околу два километри.

Кратерот го носи името на Сергеј Павлович Королев, главниот советски ракетен инженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како „татко на руската вселенска технологија“.

Благодарение на неговата работа, Советскиот сојуз го испрати првиот сателит во орбитата во 1957 година и Јуриј Гагарин во вселената во 1961 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП