25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.06.2020

Викенд хороскоп 27-28.06.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Викендот ќе ви започне со убава вест. Остатокот искористете го за мал шопинг и мала прошетка. Постои голема можност да запознаете некоја личност која ќе биде дел од вашата иднина. Опуштете се и бидете искрени.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Овој викенд ќе ви донесе проблеми во комуникацијата со семејството. Малку ќе се колебате во врска со некоја нова работа. Почетокот и крајот на викендот ви се поволни за љубов. Избегнувајте ги намирниците кои можат да ви предизвикаат алергија.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете полни со позитивна енергија и ќе го правите она што навистина го сакате, па можеби затоа ќе барате повеќе отколу што можете да поднесете. Уживајте во разговорите со другите. Ќе ги изненадите луѓето со својата дарежливост и екстраваганција.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Овој викенд ќе имате можност вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу, а соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност. Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ви се советува да ги искористите предностите и да се посветите на образованието и градењето на планови за иднината. Вашите социјални вештини ќе бидат одлични денес и ќе ја имате можноста да склучите некои нови пријателства. Може да се потпрете на интуицијата.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов ќе почувствувате огромно олеснување по споделувањето на долго чувана тајна. Дозволете си да бидете поотворени пред личностите кои ги нарекувате доверливи. Известувајте ги луѓето за вашите планови предвреме, за да испадне сe како што вие сакате.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе имате можност вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу, а соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност. Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Викендот е неповолен за истакнување. Денес стојте подалеку од безначајни ситници и нешта кои нема да ви донесат среќа. Времето кое ќе го заштедите посветете го на цели и проекти кои имаат потенцијал да ве лансираат нагоре на работното место.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Запомнете дека сите моментални проблеми можат да се решат во присуство на блиска личност, не потпирајте се само на себе. Конечно, желбата за долгоочекуваниот повик од некоја личност ќе ви стане реалност. Можно е да ве покани на кафе.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можни се вложувања во станбен простор. Многу ве привлекува една авантура со некој во знакот на Вага, па дури и ако не сте слободни. Вашата комуникативност ви е најсилен адут. Најдете време за одмор.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој викенд за вас ќе биде работилив. Некои од вас тврдоглаво ќе се држат за своите цели и ќе пробиваат пат за нивно остварување. Но, има и такви кои се обземени од романтични емоции и имаат зголемени потреби за емотивна размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП