Овен (21.03 – 20.04)
За денес препорачливо ви е малку да се одморите од прекумерното работење и да се впуштите во една релаксирачка масажа, бидејќи обврските можат да почекаат и до утре. Исто така, поминете некое време сами со партнерот.
Бик (21.04 – 21.05)
Потрудете се позитивната енергија која ќе ја поседувате денес да им ја префрлите и на луѓето околу вас. Помогнете му на некој пријател кој ќе побара поддршка од вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашата емотивност и романтичност денес ќе биде на највисоко ниво, а тоа ќе го усреќи вашиот партнер. Но, сепак, вашето здравје ќе биде нарушено од страна на сезонските настинки. Пијте повеќе течности и јадете овошје и зеленчук.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес може да се почувствувате изморено и депресивно, но мислете позитивно, па има само уште еден ден до викендот. Испијте наутро една чаша цеден лимон и портокал, тоа ќе ви ја врати енергијата. Очекувајте средба со некој кој ви се допаѓа.
Лав (23.07 – 22.08)
Совршен ден за романтичен состанок со вашиот партнер. Изведете го некаде на ручек или вечера, а потоа приредете му интересно изненадување. Доколку не сте во врска можеби токму денес ќе ја сретнете личноста која ќе го промени тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Повикот кој ќе го добиете денес ќе ви донесе добри вести. Промените се дефинитивно во воздухот, затоа бидете спремни на сe. Искористете малку слободно време и за партнерот, тој го заслужува тоа. Обврските на работа завршувајте ги навремено.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес вашата тврдоглавост ќе дојде до израз и на сите околу вас ќе им се спротиставувате, потребен ви е мал одмор од секојдневните обврски. Денес е вашиот ден за опуштање со партнерот или со неколку пријатели. Подгответе вкусна вечера и гледајте некој филм.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Овој ден е вашиот ден на љубовта. Вашиот партнер ќе ви го направи овој ден возбудлив и незаборавен. Својата среќа испробајте си ја во игрите на среќа, многу е веројатно дека ливчето ќе биде добитно. Не ги заборавајте обврските кои сте ги преземале.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес, амбицијата е она што ќе ви го одбележи денот. Но внимавајте, некогаш и не е толку добро да бидете толку амбициозни. Симнете се од облаците и почнете со работа, и онака веќе некое време ги запоставувате вашите обврски.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес е совршен ден за опуштање и романтика. Не мислете на ништо друго освен на вашиот партнер и приредете му едно изненадување кое ќе го памети. Во вечерните часови вашиот мозок може да биде напнат, па затоа најдете некое решение за да се опуштите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе се чувстувате посебно емотивно, па ќе сакате да го поминете денот со личност која е блиска до вашето срце. Тоа е супер, бидејќи денес повеќето од вашите пријатели немаат планови, па можете да отидете на кафе. Или пак ручек во природа со партнерот е подобра идеја?
Риби (20.02 – 20.03)
Денешниот ден посветете го во разубавување на вашиот дом. Ако сте имале на ум да го средите плакарот, или пак да го разместите мебелот, денес е вистинскиот ден за тоа. Во последните часови ќе ви изјави љубов некоја личност од која нема да очекувате.