29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Самсунг“, „Хуавеи“ и „Гугл“ се соочуваат со притисок од евтин нов ривал

„Самсунг“, „Хуавеи“ и „Гугл“ се соочуваат со притисок од евтин нов ривал

„Самсунг“, „Хуавеи“ и „Гугл“ наскоро би можеле да се соочат со голем притисок од неверојатно евтин нов ривал.

Овогодишниот OnePlus 8 е со цена од 599 фунти, додека OnePlus 8 Pro чини или 799 фунти за 8 GB RAM меморија и слободен ростор од 128 GB, или 899 фунти за 12 GB RAM меморија и 256 GB слободен простор. Цената на OnePlus 8 Pro го доведува во склад со тоа колку чинат водечките понуди на компаниите „Самсунг“, „Хуавеи“ и „Гугл“.

Но, сега фановите на OnePlus се прашуваат дали фирмата се враќа на ниските цени со својот следен телефон. OnePlus Z или OnePlus Nord се очекува во продажба наскоро. Телефоните најверојатно ќе пристигнат прво во Индија, на 10 јули.

А пред официјалната промоција на телефонот, ко-основачот на „OnePlus“, Карл Пеи, предизвика шпекулации за цената. Пеи на Твитер го цитираше твитот од април 2014 година кога го објави OnePlus One – првиот смартфон на кинеската компанија.

Според најновите гласини, OnePlus Z би можел да чини само 299 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП