19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Организирани настани доведоа до ширење на коронавирус

СЗО: Организирани настани доведоа до ширење на коронавирус

„Наоѓалишта на отпадни води во северна Италија покажаа дека постои шанса вирусот да циркулирал таму пред објавата на пандемијата“.

Многу земји, кои биле успешни во борбата против коронавирусот, бележат зголемување на бројот на пациенти поради организирање на настани, како што се религиозните собири, изјави епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керкова.

На онлајн состанокот, Ван Керкова изјави дека вирусот ќе ја искористи секоја можност да се засили, пренесува Reuters.

„Навистина е важно државите да бидат во состојба брзо да ги детектираат тие случаи“, изјави таа на онлајн состанокот.

Извршниот директор на СЗО за итни програми Мајк Рајан, оцени дека изгледа се појавиле нови жаришта во Јужна Кореја, кои се поврзуваат со клубови, засолништа и забавни паркови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП