25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСекој втор продаден автомобил во Норвешка е на електрична енергија

Секој втор продаден автомобил во Норвешка е на електрична енергија

Бројот на новорегистрирани електрифицирани автомобили во Норвешка во 2019 година изнесувал дури 56 проценти.

И покрај растот на производството и продажбата на електрифицирани автомобили (EV и plug-in hibrid), на најголемите светски пазари на автомобили и понатаму доминираат модели со SUS мотори.

Така, според податоците објавени од веб-страницата Statista, во 2019 година процентот на ново регистрирани EV и plug-in hibrid во светот изнесува само 2,6 проценти во однос на вкупниот број нови возила. Истиот извор наведува дека во само осум земји пазарниот удел на нови електрифицирани автомобили надминал 5 проценти.

И додека овој удел во 2019 година во Норвешка достигна дури 55,93 проценти, а далеку позади се Исланд со 17,79 проценти, Холандија со 15,01 проценти и Шведска со 11,35 проценти.

Во првите пет на листата е уште и Финска (6,89 проценти). Земји кај кои бројот на ново регистрирани EV i plug-in hibrid минатата година надминал 5 проценти се и Португалија (5,66 проценти), Кина (5,62 проценти) и Швајцарија (5,61 проценти).

На листата топ 10 се уште и Данска (4,17 проценти) и Ирска (4,09 проценти).

Ги следат Австрија, Белгија и Обединетото Кралство, а дури по нив доаѓа Германија, која е најголем европски пазар на автомобили, со само 3,02 проценти од ново регистрираните EV и plug-in hibrid автомобили во 2019 година.

Веднаш позади е Франција со 2,77 проценти, па Јужна Кореја со 2,03 проценти, а дури потоа Соединетите Држави со само 1,93 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП