24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСамочистечка маска која го убива вирусот со топлината од полначот за мобилен

Самочистечка маска која го убива вирусот со топлината од полначот за мобилен

Израелските научници измислија маска за повеќекратна употреба која може да го убие коронавирусот од топлината со напојување преку полначот за мобилен.

Процесот на дезинфекција трае околу 30 минути – и корисниците не би требало да ја носат маската додека е поврзана со полначот, изјави професорот Јаир Еин-Ели, кој го водел истражувачкиот тим на Универзитетот Технион во Хаифа.

Новата маска има USB порт кој се поврзува со извор на струја како што е стандарден полнач за мобилен и го загрева внатрешниот слој со јаглеродни влакна до 70 степени Целзиусови, што е доволно висока температура да ги убие вирусите.

Еин-Ели изјави дека маските за еднократна употреба, за кои владееше голема потреба за време на глобалната здравствена криза, не се ниту економични ниту добри за животната средина.

„Моравме да изработиме маска која е погодна за повеќекратна употреба и ова е нашето решение“, изјави тој за пронајдокот.

Прототипот изгледа како стандардна N95 маска за лице, со вентил на предната страна и гумени ленти за зацврстување на маската околу главата.

Научниците поднесоа патент за оваа маска во САД на крајот на март и сега разговараат за комерцијализација на производот со приватниот сектор.

Веројатно ќе се продава за еден долар поскапо од типичната маска за еднократна употреба за лице, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП