19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите...

НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

Согласно Уредбата на владата на Р. Северна Македонија за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, НЛБ Банка започнува со процесот на издавање на домашните платежни картички за оваа намена. Банката ќе ја поддржи оваа иницијатива преку издавање на 113.000 картички во периодот до 18 јули 2020 година.

„Како Банка која се грижи за своите клиенти, платежните картички ќе ги доставуваме  лично на домашна адреса на корисниците. Ваквата услуга е со цел да обезбедиме позитивно корисничко искуство кое е во фокусот на нашето работење, како и да се избегнат гужвите во експозитурите, во услови на пандемија и заштита на здравјето на нашите вработени и клиенти“, изјавија од Банката.

Сите клиенти кои се распределени во НЛБ Банка за изработка на картички ќе добијат порака од Банката, а со цел точна и навремена достава до нивните домови, треба да ги внесат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx каде може да ги добијат и сите дополнителни информации во врска со картичката.

Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци.

За сите информации во врска со домашната платежна картичка издадена од НЛБ Банка, засегнатите граѓани можат да ја посетат официјалната веб страница www.nlb.mk, да сe обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 или e-mail: [email protected], или директно да ги контактираат преку каналите за комуникација на нивните социјални мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП