18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter поагресивно ги отстранува објавите: "Не, 5G не предизвикува коронавирус"

Twitter поагресивно ги отстранува објавите: “Не, 5G не предизвикува коронавирус”

Социјалната мрежа Twitter сега уште поагресивно ги разгледува објавите кои ја поврзуваат 5G мрежата со пандемијата од коронавирус, додавајќи ознака каде корисниците можат “да ги научат фактите за COVID-19”.

Со кликнување на оваа ознака Twitter ќе ве однесе на страница на која пишува: „Не, 5G не предизвикува коронавирус“. Тука се наоѓаат линкови до вести, организации за проверка на факти и владини агенции кои ја побиваат теоријата на заговор, пишува Business Insider.

Додаваат и дека целосно ќе ги отстранат твитовите само ако содржат “повик за акција која потенцијално може да предизвика штета”, но и дека “нема да преземат акција за секаков твит кој содржи нецелосни или спорни информации за коронавирусот“. Ова е во согласност со ажурирањето на правилата кои компанијата ги донесе во април.

Понекогаш ознаката се користи и кога нема експлицитна врска помеѓу 5G и коронавирусот, или повик за рушење на инфраструктурата. Така е означен и еден смешен твит, во кој се вели „Хм, денес ќе ги дознаеме фактите за поврзаноста помеѓу 5G и короната“, а веднаш до тоа стои “чичко Глишо” кој излегува од куќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП