2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГолема вест за корисниците на iPhone: Пристигнува функција за снимање разговори?

Голема вест за корисниците на iPhone: Пристигнува функција за снимање разговори?

Apple наскоро ќе претстави нова верзија на својот оперативен систем, iOS 14. Судејќи според “протечените” фотографии, корисниците би можеле да добијат една неочекувана придобивка.

Се работи за функција за снимање разговори, а тоа би значело дека можете да снимате и телефонски и FaceTime повици.

На скриншотот кој го објави кинеската ИТ заедница наречен “IT Home”, можеме да го видиме наводниот изглед на страницата со подесувањата за новата опција. Според она што е напишано овде, ќе биде прилично лесен за употреба – доволно е само да се вклучи, а потоа автоматски да ги сними сите повици, и дојдовни, и појдовни.

Освен ова, се чини дека оние од другата страна на жицата ќе бидат известени кога ќе се сними повикот, пишува порталот Neowin.

Според неофицијалните извештаи, iOS 14 би требало да биде поддржан на сите уреди кои тековно користат iOS 13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП