29 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTelefonica ќе мери растојание помеѓу капачите на плажите

Telefonica ќе мери растојание помеѓу капачите на плажите

Шпанија, од 1 јули, ќе ги отвори своите граници за туристите, поради што владата на таа земја бара начини да се осигура дека на плажите се почитува физичката оддалеченост.

Телекомуникациската компанија Telefonica разви систем за видео надзор кој користи 4G мрежа со цел да се спречи метеж на плажите, дозна порталот telecompaper.com.

Системот ќе користи софтвер кој ќе ја пресметува пополнетоста на плажите во реално време, дозволувајќи им на властите да го утврдат максималниот број на капачи и на тој начин да спречат потенцијално заразување на капачите од COVID-19.

Според Telefonica, системот ќе ги следи местата кои ги зафатиле капачите на плажите, без фотографирање или чување на било какви други лични податоци.

Шпанија забележа 27.136 смртни случаи од коронавирус, поради што владата на таа земја е особено посветена на мерките на здравствена претпазливост пред туристичката сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП