19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИBank of America: Купувајте европски акции

Bank of America: Купувајте европски акции

Аналитичарите на Bank of America предвидуваат дека европските акции до крајот на септември ќе пораснат во просек за дополнителни десет проценти.

Рударскиот и банкарскиот сектор сега веќе се чинат преценети, пишуваат аналитичарите на Bank of America, а тие два сектори би требало да имаат најголема корист од пресврт на економијата. Индексот на композитни менаџери за набавки (PMI) во еврозоната се очекува да се искачи на 53 во август и 58 во септември, со само 30 колку што изнесуваше во мај.

„Иако некои економски активности нема да се вратат наскоро, широкото укинување на ограничувањата сепак подразбира простор за значително зголемување на економските активности“, велат аналитичарите од BofA во белешката до клиентите.

Европската централна банка неуморно се грижи за свежата ликвидност. Во четвртокот, објави дека ја засилила програмата за откуп на обврзници PEPP за 600 милијарди евра (на 1,35 трилиони) и ги продолжи откупите најмалку до јуни 2021 година. Најавува дека ќе ја спроведе програмата за квантитативно олеснување онолку долго колку што е потребно, освен ако, се разбира, инфлацијата не ги спречува плановите, но засега сеуште е под целта од 2 проценти (се очекува да биде само 1,3 проценти следната година).

Во редовната квартална прогноза, ECB исто така проценува дека економијата на еврозоната ќе се намали за 8,7 проценти оваа година, а следната година ќе закрепне со стапка од 5,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП