29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро пристигнуваме до милијарда 5G конекции: Една земја до крајот на 2020...

Наскоро пристигнуваме до милијарда 5G конекции: Една земја до крајот на 2020 година ќе има сто милиони

Долгорочното влијание на коронавирусот врз ширењето на 5G мрежата нема да биде толку големо како што на почетокот се мислеше.

Според новите анализи на CCS Insight, до 2022 година ќе има повеќе од милијарда 5G конекции.

Пандемијата  навистина ја ослабна можноста на операторите да градат 5G инфраструктура, и ги принуди регулаторите да ги одложат аукциите за нов спектар и да ја намалат побарувачката за нови телефони.

Меѓутоа, олеснувањето на мерките во Кина, заедно со фактот дека 5G сериозно забрзува во оваа земја и дека телефоните се генерално прифатливи, значи дека целокупната прогноза и понатаму е оптимистичка.

Аналитичарите забележуваат дека 5G мрежата веќе е имплементирана во 17 земји и веруваат дека глобалниот пазар на мобилни телефони ќе постигне целосно закрепнување до 2022 година. До 2023 година, се предвидува да има 3,2 милијарди 5G конекции. Кина оваа година ќе достигне 100 милиони, а милијарди конекции ќе има во 2024 година.

“Доаѓањето на новите чипсети и жестоката конкуренција на глобалниот пазар на телефони ќе доведе до брзо воведување на 5G мрежата во паметните телефони. Цените ќе паднат под 400 долари побрзо од претходно очекуваното. Овој тренд ќе игра многу голема улога во тоа 5G мрежата да стане широко распространетата” , велат во анализата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП