19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

Turkish Airlines од 18 јуни ќе започне летови кон шест европски земји

Turkish Airlines повторно од 18 јуни ќе започне меѓународни летови со шест европски земји, а во лето ќе бидат организирани и пет нови летови.

Компанијата ќе започне летови до Германија, Швајцарија, Австрија, Холандија, Данска и Шведска, а со летовите ќе се поврзат 16 европски со 24 турски градови. Повеќето од овие летови беа покренати кон градовите во Германија и Швајцарија.

Летовите на меѓународно ниво се прекинати од 28 март поради пандемијата од коронавирус.

„Додека два месеци бевме одвоени од небото, нашиот глобален бренд се подготвуваше за новата ера координирајќи со меѓународните и националните власти“, изјавија од Turkish Airlines.

Turkish Airlines, исто така, ова лето ќе започне и пет нови рути кон Базел, Хановер, Салцбург, Франкфурт и Амстердам, а меѓуградски летови во Турција ќе започнат на 4 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП