27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕФранција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

Владата на Франција вчера ја поништи уредбата со која им беше дозволено на болниците да користат хидрохлорокин при лечење на пациенти заболени од потешки форми на COVID-19, затоа што се сомневаат во безбедноста на лекот, пренесува Reuters.

Соопштението следеше два дена откако Светската здравствена организација објави дека привремено го суспендира големото испитување на овој лек против маларија, поради страв за здравјето на пациентите.

Британскиот медицински журнал Lanset изјави дека пациентите кои примаат хидрохлороин имаат зголемена стапка на смртност од срцев удар.

Американскиот претседател, Доналд Трамп и некои други официјални претставници се залагаа за употреба на хидрохлорокин во последните неколку месеци како можен лек за болеста предизвикана од COVID-19.

На крајот на март, Франција одлучи да дозволи употреба на хидрохлорокин во специфични ситуации и само во болници.

Против COVID-19 сè уште не постои вакцина или лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП