5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛегендарниот кошаркар обезбеди кредити за компаниите кои немаат помош

Легендарниот кошаркар обезбеди кредити за компаниите кои немаат помош

Иако легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Ирвин Меџик Џонсон повеќе не игра во НБА, тој сепак прави вредни асистенции.

Џонсон објави дека компанијата EquiTrust Life Insurance, во која тој е мнозински сопственик, во соработка со компанијата MBE Capital Partners, обезбеди заеми во износ од 100 милиони долари за финансирање на компании кои се во сопственост на жени и компании во кои доминантен дел во сопственоста имаат малцинства погодени од коронавирусот.

„Финансиски, ова навистина и наштети на нашата заедница, исто како што му штети и на здравјето“, рече Џонсон.

Заемите се насочени кон поддршка на луѓето со други бои на кожата и жените кои поседуваат компании.

Заемите беа финансирани од компанијата на Џонсон за животно осигурување EquiTrust и истите ќе бидат обезбедени преку програмата за помош на малите бизниси.

„Овие се мали бизниси кои се столб на нашата заедница затоа што вработуваат многу луѓе со други бои на кожата“, рече Џонсон.

Партнерството се појави од загриженост, дека жените и припадниците на малцинствата имаат проблеми со кредитите што ги нуди програмата на владата на САД, кои се наменети за да им помогнат на малите бизниси.

„EquiTrust на Џонсон обезбедува финансиска поддршка на заедниците и деловните субјекти кои традиционално биле неоправдано запоставени“, се вели во соопштението на EquiTrust и MBE Capital Partners.

„Овие мали и разновидни компании често имаат потешкотии во развивање силни кредитни односи со големи банки“, се вели во извештајот.

Целта е да се обезбеди помош на 100.000 компании, за да им се помогне да ја надминат корона кризата, изјави директорот на MSE Capital, Рафаел Мартинез.

Џонсон беше изненаден што екипата на ЛА Лејкерс аплицирала за помош на малите бизниси и со тоа добиле 4,6 милиони долари. Иако овој потег наиде на критики во јавноста, Лејкерс ги вратија парите.

„Тие ја направија вистинската работа“, рече Џонсон, додавајќи дека сопственичката на Лејкерс, Џени Бас е добар сопственик и дека му е драго што ги вратила парите, затоа што има многу компании на кои им се реално потребни истите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП