Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,903.09 0%    GRNT 951.88 -0.54%    KMB 5,999.03 0.13%    MPT 65,000.00 0.04%    OKTA 3,153.00 0%    RZUS 50.00 0%    SBT 2,600.00 8.29%    STB 1,070.00 1.42%    STIL 77.00 -1.28%    TEL 320.00 0%    TNB 16,350.00 -0.61%    TTK 1,282.00 9.57%    

Дневен хороскоп 22.05.2020

Време: 06:15

Датум: мај 22, 2020

Категорија: ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате голем број на планови. Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема да ви недостига мотивација за работа, но луѓето околу вас некако нема да бидат расположени да ве остават да се сконцентрирате. За да не се нервирате непотребно, предвреме подгответе се дека ве очекуваат пречки. Размислете реално дали вашите бизнис идеи се возможни.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Вагите родени во септември.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука денес. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што се. Во меѓувреме разгледајте си сите опции.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес денот ќе го поминете во дружба со колегите, а воедно и да се договорите за некои деловни потфати. Имате енергија и успешно ќе ја искористите за завршување на работните обврски, со цел да можете да уживате во викендот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сакате нешто ново, промени и проширување на видикот. Ќе иницирате развој на некој бизнис, партнерот кој сте го одбрале е стабилен, но сепак договорете ги сите точки однапред. Денес ќе имате инспирација да сработите нешто повеќе, а вашата енергија ќе биде непрекината, па затоа ќе успеете во намерите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работното место постои некоја компликација, проблем или барање кое не можете и не сакате да го извршувате, тоа ве мачи подолго време, но наскоро ќе започне да се разрешува, па затоа не си ги губете нервите со тоа прашање. Попладневните часови искористете ги за средба со пријателите.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе добиете пријатни вести во врска со некоја нова работа која би требало да ја органзираат некој Овен или Лав. Ментално сте посилни во однос на финансискиот дел и веројатно ќе направите внимателни финансиски потези. Бидете отворени за секој вид на совет, особено од некој Лав.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Добриот аспект помеѓу вашиот знак и Плутон поволно се одразува на вашите финансии. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Внимавајте на здравјето, намалете ги нервозите. За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но и што треба да научите од нив. Ќе бидете чувствителни на она што другите го мислат и зборуваат за вас. Не ги сфаќајте премногу лично. Внимавајте на соработката со деловните партнери, бидете покоректни.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дневен хороскоп 13.07.2020

    Дневен хороскоп 13.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Вашето расположение ќе биде на ниво денеска. Останете така позитивни во текот на целиот ден и поминете го поголемиот дел…

  • Викенд хороскоп 11-12.07.2020

    Викенд хороскоп 11-12.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Одредете приоритети и придржувајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во важните прашања, а вие не бидете…

  • Дневен хороскоп 10.07.2020

    Дневен хороскоп 10.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Доколку сте доволно искрени, потребно е да ја преземете одговорноста за вашите постапки. Докажете си на себе и на другите…

  • Дневен хороскоп 09.07.2020

    Дневен хороскоп 09.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Денес стојте подалеку од безначајни ситници и нешта кои нема да ви донесат аплауз. Времето кое ќе го заштедите посветете…

  • Дневен хороскоп 08.07.2020

    Дневен хороскоп 08.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите…

  • Дневен хороскоп 06.07.2020

    Дневен хороскоп 06.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Запаметете дека себичноста не е добра особина, па затоа потрудете се да бидете по великодушни кога станува збор за пријателството,…

  • Викенд хороскоп 04-05.07.2020

    Викенд хороскоп 04-05.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Иако ви тежат врз главата некои деловни договори, сепак овој викенд ќе одлучите да паузирате од работата. Во љубовта отворено…

  • Дневен хороскоп 03.07.2020

    Дневен хороскоп 03.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај…

  • Дневен хороскоп 02.07.2020

    Дневен хороскоп 02.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му…

  • Дневен хороскоп 01.07.2020

    Дневен хороскоп 01.07.2020

      Овен (21.03 – 20.04) Денешниот ден ќе го поминете вообичаено, а доколку завладее досадата пронајдете нешто што ќе ве одржува среќни. Доколку имате хоби,…