5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏерард останува во Ливерпул

Џерард останува во Ливерпул

Gerard

Стивен Џерард го продолжи актуелниот договор со Ливерпул на уште две години. Капитенот на „црвените“ имаше договор до крајот на идната сезона, но денеска тој ја продолжи верноста со својот клуб.

„Тука сум долго време и продолжувањето на договорот е од големо значење за мене и моето семејство. Со ова раководството покажа дека имаат големо мислење за мене и дека сакаат да останам тука уште долго време. Новиот договор дојде во вистински момент, пред почетокот на сезоната, што значи дека сега можам да се концентрирам само на играње фудбал“, вели Џерард.

Целата кариера Стивен Џерард ја мина во редовите на Ливерпул. Тој дебитираше за првиот тим во 1998-та година и оттогаш одигра 630 натпревари во дресот на „црвените“ и постигна 159 голови.

Ги освои ФА купот, Лига купот во Англија, Купот на УЕФА и Лигата на шампионите со Ливерпул, но не успеа да стигне до трофејот во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП