26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

Приходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

Пандемијата од COVID-19 не влијаеше негативно на приходите на кинеските технолошки компании, па така и Xiaomi забележа раст на приходите кој се искачи на 7 милијарди американски долари со пораст од 13,6 проценти во однос на 2019 година.

Од јануари до април оваа година, компанијата забележала вкупна заработка на износ од околу 300 милиони американски долари, што претставува раст од 10,6 проценти. За разлика од Huawei, кој се бори против негативната кампања, кинескиот Xiaomi во минатото бележи силен раст на меѓународниот пазар, со приходи од 3,5 милијарди американски долари и пораст од 47,8 проценти.

Растот е особено забележителен во делот на продажба на мобилни уреди во Западна Европа, каде е забележан раст од 79,3 проценти, од кои најпродаваните мобилни телефони се во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП