18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа мапа го следи развојот на 5G мрежата во светот

Оваа мапа го следи развојот на 5G мрежата во светот

Компанијата Ookla, најпозната по Ookla speed тестот кој ја мери брзината на интернет, создаде интерактивна мапа за следење на ширењето на 5G мрежата во светот.

Ookla 5G Map се ажурира секоја недела, а можете да пристапите тука https://www.speedtest.net/ookla-5g-map.

Покрај тоа што ги покажува местата каде се развиваат базните станици за 5G мрежата, Ookla следи и некои статистички податоци кои може да бидат интересни.

На пример, во светот има 8.782 инсталации на 5G мрежа, а можно е податоците на картата да се филтрираат со исклучување на оние кои се “ограничено достапни” или “во фаза на пред пуштање”, односно што би можеле да го наречеме експериментална фаза.

САД најдобро се покриени со 5G мрежа, а потоа следат Кина и Јапонија. Од европските земји, води Холандија.

За да видите сè, вклучително и “експериментални” инсталации, бидете сигурни дека од десна страна ви се штиклирани сите три категории: Commercial Availability, Limited Availability и Pre-Release.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП