30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед понуди 30 милиони за Цеск

Јунајтед понуди 30 милиони за Цеск

cesc-fabregas-steht-in-der-premier-league-hoch-im-kurs_37153

Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед упати понуда во вредност од 30 милиони евра за играчот за врска на Барселона, Цеск Фабрегас.

Како што е познато, „црвените ѓаволи“ првично сакаа да го земат Тиаго Алкантара, но сепак тој одлучи да премине во Баерн кај Пеп Гвардиола. Па поради тоа менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс е принуден да побара друго решение во средната линија.

Фабрегас и така не успеа да се избори меѓу стартерите во  тимот од „Камп Ноу“ по трансферот од Арсенал, па најверојатно тој би можел да си замине од шпанскиот клуб.

„Топџиите“ исто така ја следат ситуацијата околу својот поранешен играч, а тие имаат предност доколку би сакале да го купат Шпанецот, поради тоа што во договорот има клаузула за одрекување од Барса во вредност од 29 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП