27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПовторно работи со полна пареа: Netflix го враќа најдобриот квалитет на слика

Повторно работи со полна пареа: Netflix го враќа најдобриот квалитет на слика

Корисниците на Netflix во Данска, Норвешка и другите земји веќе имаат подобрен квалитет на видео при гледање филмови и серии, а од оваа компанија потврдија дека работат со операторите за враќање на најдобриот можен квалитет.

Европската унија, поради зголемената употреба на интернет за време на пандемијата, побара Netflix да го намали протокот при емитување содржина, а компанијата се согласи да го направи тоа.

Така, за 30 дена, протокот е намален за 25 проценти и мрежите станаа порастеретени за оние кои работат од дома.

Според The ​​Verge, веројатно и другите стриминг сервиси ќе го следат овој пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП