29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.05.2020

Дневен хороскоп 18.05.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Самодовербата, психичката сила и храброста ви се на високо ниво и ќе ви помогнат да се изборите со сите предизвици. Некој од ваша околина ќе се обиде да ви го поремети мирот, но јасно ќе му покажете каде му е местото. Преземете ја улогата на лидер во ситуациите во кои вашето семејство не може да го најде излезот од кризата.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некои скриени страсти, стравови, љубомора, но и голема желба да се истакнете ќе ви донесат проблеми во блиските врски. Ќе бидете комплицирани за вашата околина, па таа нема да знае како да се однесува со вас. Ќе бидете повредени од некои коментари, но најверојатно сте ги заслужиле.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате да му припаѓате на некој на приватно, интимно и лично ниво. Сакате да се почувствувате барани, па затоа нема да ги давате сите информации одеднаш, со цел околината да мора неколку пати да ве контактира. Денес доколку се обидете да излажете и за најмала работа, ќе бидете фатени.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ова е вистинско време за оставање на одличен прв впечаток. Вашата внатрешна топлина ќе ви ги отвори вратите кон луѓето, а тие одлично ќе ве прифатат. Некој потег или реченица која ќе ја кажете ќе и се допадне на околината, па очекувајте да добиете и неколку сериозни деловни понуди.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не жалете премногу за нешто што не можете да го промените. Обновете ги пропуштените шанси кои сами сте си ги скратиле и не се ограничувајте повеќе. Некоја ситуација во вашето семејство ќе ги насолзи вашите очи. Извинете се доколку за нешто сте погрешиле.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е ден за опуштање, одмор и уживање. Одличен ден за патување. Ако не можете да си дозволите некое кратко патување, уживајте во некои други можности кои ви ги нуди денот. Не се оптеретувајте со ништо и препуштете му се на уживањето.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Целата ваша енергија сте ја насочиле кон деловниот успех. Потребна ви е практична организација на работата и се ќе направите како што треба. Внимавајте малите пречки на работа да не ве изнервираат со цел да не ви го нарушат вниманието. Овој ден е доста продуктивен, ќе завршите многу нешта.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Погледнете малку околу себе, ќе ја воочите убавината на светот и своите блиски. Препуштете му се на уживањето со нив и зајакнете ја вашата емотивна страна. Сепак не претерувајте со задоволувањето на туѓите желби. Задоволете и некоја ваша желба и ќе бидете неизмерно среќни.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес сте расположени за шефување и целосна контрола над се што се случува покрај вас, како на работа, така и во приватниот живот. Иако имате одлични идеи, не мора баш сите да им се допаднат и на другите, па затоа ако некој ви каже дека некоја ваша идеја не е ок, не навлегувајте во дискусии.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате силна потреба да бидете со својот партнер. Барате големо внимание, но некако се чувствувате игнорирани. Ако не сте во врска, бидете храбри и направете го првиот чекор кон оној кој ви се допаѓа. На деловен план избегнувајте ги инстант одлуките, може скапо да ве чинат.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете оптеретени со неочекувани проблеми за кои ќе мислите дека немате доволно време и енергија да ги решавате. Но, тоа не е така, сепак при крајот од денот ќе најдете енергија и ќе ги решите сите. Тоа се само ситници кои не смеат да донесат тага на вашето лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес е ден во кој треба отворено да ги кажете своите чувства и уверувања. Ќе го добиете назад она што сакате да го слушнете. Ситуацијата во која ќе се сложите со некого ќе ви донесе среќа и олеснување. Доаѓа некоја нова љубов, прифаќање и среќа, одамна сте ги очекувале, па затоа конечно ќе можете да уживате во нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП