20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВикенд хороскоп 16-17.05.2020

Викенд хороскоп 16-17.05.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вашата романтична страна викендов ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Веројатно одлично ќе просперирате во услужните дејности. Некои ќе постигнат решенија за кои долго мислеле дека се невозможни. Ќе бидете задоволни и со материјалните достигнувања, но светот на идеи и понатаму ќе ви биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Пуштете да ве води интуицијата.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако ви се чини дека пред вас е долг пат, прифатете го тоа со радост затоа што ќе биде добар. Она што се придвижило ќе продолжи и понатаму да се развива и тоа на стабилен начин. Вам ви останува да се прилагодите на најдобар можен начин. Ужвајте во викендот ова е поволен период за вас.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте да не загубите некои документи од работа кои се многу важни. Проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист. Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Средбата со одредена личност ќе делува негативно на вашето расположение и затоа ќе ги одбивате предлозите за соработка. Но сепак, постојат ситуации кои не можете да ги решавате сами без ничија асистенција. Некој го привлекува вашето внимание, но вие се уште не сте одлучни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Викендов ќе биде тешко да се контролираат работите, а посебно прашањата кои се поврзани со партнерот, соработниците и заедничките ресурси. Можеби ќе бидете расеани, бидејќи логиката не ве води кон посакуваните заклучоци. Најдобро е да се исклучите и да одмарате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Викендов ви се советува да бидете толерантни кон другите. Бидете подготвени да направите неколку отстапки во името на некои повисоки цели. Однесувајте се како тоа да е ваша идеја и на тој начин работите ќе изгледаат подобро. Убаво слушајте ги луѓето и внимавајте на вашите проценки.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендов е значаен во однос на вашите финансии. Извесни се добивки или трошоци. Ќе чувствувате длабока среќа и исполнетост од случувањата во вашиот приватен живот. Свесни сте за љубовта околу вас и колкаво е вашето значење во животите на вашите блиски.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Би можеле погрешно да ги протолкувате акциите на некоја личност, бидејќи викендов ќе бидете склони кон брзи заклучоци. Вашите реакции се толку нагли, па логиката нема доволно време да го контролира вашето однесување. Можеби ќе бидете убедени дека луѓето се лути, секогаш кога ги изразуваат своите вистински убедувања.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате високо развиен креативен дух, па ако работите во сферите на уметноста, викендов ќе имате брилијантни идеи. Ќе бидете склони кон флерт и различни заводливи игри. Сето тоа ќе биде во ред до оној момент кога ќе се најдете во искушение да ги трошите вашите пари на непотребни работи.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во текот на целиот викенд енергијата ќе ви опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следи период на стабилизација.

 

Риби (20.02 – 20.03)

После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските. Викендот поминете го со пријателите и семејството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП