19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook отстрани повеќе од 9 милиони објави со говор на омраза

Facebook отстрани повеќе од 9 милиони објави со говор на омраза

Компанијата Facebook извести за остар пораст на бројот на отстранети постови во кои се промовира насилство и говор на омраза, што припишуваат на подобрувањата на технологијата за автоматско препознавање на текст и слика, пренесува Guardian.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината од својата Facebook апликација отстранила околу 4,7 милиони објави, поврзани со организирани групи кои промовираат омраза – во однос на 1,6 милиони колку што се отстранети во претходниот квартал.

Соопштено е и дека во првиот квартал се отстранети 9,6 милиони Facebook објави кои содржат говор на омраза, во споредба со 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година.

Facebook објави податоци како дел од својот 5-ти Извештај за спроведување на стандардите во заедницата, кој ги воведе како одговор на критиките поради слабиот надзор на своите платформи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП