Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,330.78 0.07%    GRNT 950.00 -1.33%    KMB 6,199.77 -0.05%    KVAS 15,520.00 -3%    MPT 64,302.72 -0.98%    RMDEN12 99.50 0%    RZLE 15.00 25%    SKOV 20.00 0%    ZILU 167.00 -14.36%    ZPOG 1,800.00 0%    

НЛБ ве советува за безбедност при онлајн купување

Време: 11:35

Датум: мај 12, 2020

Категорија: БАНКИ


Светот ќе ја запамети 2020 година како голем предизвик поради справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Сведоци сме на креирање на една нова „нормала“ кон која сме приморани да се адаптираме. Во услови на социјално дистанцирање и борба да се одржи епидемиската крива на заболени во прифатливи рамки се чини дека купувањето на неопходните дневни продукти се одвива во отежнати услови, а да не го споменуваме шопингот за облека и несуштествените работи кои веднаш ни делуваат како тривијална активност. Но, доколку се лишиме од купувањето ова би значело и поголема мака за малите бизниси и нивното неопходно опстојување во вакви тешки и турбулентни времиња. Затоа треба да се земе предвид дека работите и не се така црни со соодветна поддршка за онлајн пазарење. Доколку досега не сте имале пракса тоа да го правите виртуелно сега е вистинското време да влезете во штосот и да ги научите сите потребни работи за да се чувствувате безбедно кога пазарите преку вашиот мобилен телефон или преку лаптоп. НЛБ Банка во периодот кој измина изготви голем број решенија и мерки со цел да ги заштити своите клиенти и да им ги олесни банкарските трансакции. Она што Вам ви преостанува е да се запознаете со неколкуте правила за да сте сигурни кога плаќате онлајн. Затоа во продолжение за Вас подготвивме неколку важни совети:

ПРАВЕТЕ НАРАЧКИ ОД СИГУРНА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈА

Ако купувате на интернет користејќи безжична мрежа, потребно е таа да се заштити со сигурна лозинка, за да не дојде до крадење на Вашите информации. Избегнувајте да правите финансиски трансакции кога користите јавна мрежа. Заштитете го Вашиот компјутер од потенцијални вируси со користење на антивирусни софтвери.

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

При онлајн шопинг, од Вас ќе биде побарано да внесете начин на плаќање, адреса за испорака, телефонски број, како и е-пошта. Доколку трговецот Ви бара и други лични информации како датум на раѓање, единствен матичен број или број на трансакциска сметка, не ги внесувајте. Некои компании ќе постават прашања за Вашите интереси, но овие информации секогаш треба да бидат по избор и треба да бидете претпазливи во давањето одговори. Проверете ја политиката на приватност на страницата за да дознаете со која цел се собираат овие информации. Користете услуги од компании кои ја почитуваат Вашата приватност.

РЕДОВНО ПРОВЕРУВАЈТЕ ГО ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАШАТА СМЕТКА

Не чекајте го месечниот извештај за да добиете информации за Вашите кредитни и дебитни картички. Проверете ја состојбата и прегледајте ги сите трансакции онлајн, користејќи НЛБ електронско или мобилно банкарство. Опцијата НЛБ мКлик Ви овозможува и добивање нотификации за секоја направена трансакција и за сите промени на Вашата сметка, така што на овој начин сте информирани во секое време за состојбата на сметката. Доколку забележите нешто сомнително, веднаш јавете се на телефонскиот број на контакт центарот, а нашите вработени ќе се обидат да Ви помогнат и да ги заштитат Вашите информации и средства.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД КОЈА КУПУВАТЕ

Практикувајте да купувате од веќе познати интернет продавници. Доколку не сте сигурни, побарајте мислење од луѓе кои ги познавате и кои имале позитивно искуство при користење на услугите на е- продавницата. Уверете се во легитимноста и веродостојноста на онлајн продавницата, така што ќе истражете на интернет за искуството на други потрошувачи и ќе ги прегледате препораките.

КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk

КРЕИРАЈТЕ УНИКАТНА И СИГУРНА ЛОЗИНКА

При онлајн купување, најчесто треба да креирате корисничко име и лозинка. Некои вебстраници дозволуваат да направите нарачка како гостин и да го прескокнете овој чекор, па ако не ја користите е- продавницата често, не правете го ова. Ако сакате да отворите корисничка сметка, користете единствена и силна лозинка. Лозинките треба да содржат комбинација од големи и мали букви, бројки, интерпукциски и други специјални знаци.

УПРАВУВАЈТЕ СО ЛИМИТЕ НА ВАШИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

За поголема безбедност при користење на НЛБ платежните картички и поголема сигурност при онлајн купување, имате можност да го промените лимитот за интернет плаќања преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ контакт центарот.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

    НЛБ Банка со поддршка за микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

    НЛБ Банка го започнува проектот „НЛБ Рамка за помош“ како одговор на актуелните случувања и неизвесните економски услови поради пандемијата со вирусот COVID-19, а со…

  • Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

    Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

    Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020…

  • Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

    Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

    На 3-ти јули 2020 година (петок), Еуростандард банка започнa со исплата на парични права од социјална и детска заштита, и тоа на сите корисници, без…

  • НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

    НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

    НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за…

  • НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

    НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

    НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен…

  • Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

    Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

    Како долгогодишен поддржувач на уметноста, но и на културата воопшто, ова лето Еуростандард банка се приклучува кон проектот „Летна авантура со Култура“ преку кој Банката…

  • Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

    Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

    НЛБ Банка започна со процесот на издавање на домашните платежни картички и веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција.…

  • НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

    НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

    Согласно Уредбата на владата на Р. Северна Македонија за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, НЛБ…

  • Внимателно со даноците, нивното зголемување не е корисно за економијата!

    Внимателно со даноците, нивното зголемување не е корисно за економијата!

    Пред да се донесе било каква одлука за евентуално зголемување на одредени даноци поради моменталната криза, претходно мора да бидат консултирани сите чинители во општеството.…

  • Bank of America: Купувајте европски акции

    Bank of America: Купувајте европски акции

    Аналитичарите на Bank of America предвидуваат дека европските акции до крајот на септември ќе пораснат во просек за дополнителни десет проценти. Рударскиот и банкарскиот сектор сега…