24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГолем хакерски напад: Украдени податоци на повеќе од 73 милиони корисници

Голем хакерски напад: Украдени податоци на повеќе од 73 милиони корисници

Една хакерска група на продажба понуди податоци кои ги украле од разни сајтови, а хакнале сметки на дури 73,2 милиони корисници.

Се работи за организацијата ShinyHunters, а околу 30 милиони украдени сметки се наоѓаат на платформата за запознавање, Zoosk.

Потоа следат 15 милиони од услугата за печатење Chatbooks, а остатокот на податоци доаѓа од разни сајтови, вклучувајќи ја и веб страницата на порталот „Star Tribune“ и многу други.

Иако се работи за огромна количина на податоци, ова е веројатно само дел од поголемиот план. Оваа хакерска група тврди дека влегла во базата на податоци на сервисот GitHub и дека од таму имаат околу 500 GB „материјал“, а податоците ги продаваат преку индонезиската онлајн продавница Tokopedia за 5.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП