23 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 09-10.05.2020

Викенд хороскоп 09-10.05.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Време е да промените нешто, без оглед дали станува збор за ситница. Ви требаат нови предизвици што на некои во љубовта ќе им донесат препреки, а други ќе почуствуваат потреба за повеќе слобода. Изненадувања ги очекуваат оние кои недамна направиле нешто добро за некој близок пријател.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Премногу оптимистички гледате на нештата кои во реалноста не се баш такви. Вашата ситуација не е стабилна па затоа бидете повнимателни. Нема добро да напрвите ако се и препуштите само на среќата. Добро размислете, а поголемо внимание посветете им и на сопствените интереси.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Овој викен ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни, ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Овој викенд ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. Финансиската состојба не е најдобра но е солидна. На интимен план ќе имате убав викенд.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку овој викенд присуствувате на некој деловен состанок бидете многу внимателни во комуникациите со претпоставените бидејќи на тој план владеат напнатости. Колегите и соработниците ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Овој викенд опуштете се и уживајте. Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почувствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендот за вас ќе биде одличен период за да ги дозавршите обврските и да се одморите. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендов поминете го во релаксација, научете да се опуштите. Ќе имате многу поволни можности, а од вас зависи колку ќе знаете да ги искористите. Енергијата ви е на одлично ниво и во голем дел ќе ја искористите за движење и дружење. Љубовниот живот ви е добро аспектиран.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Финансиската ситуација не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

На работното место ве очекува многу работа која многу ќе ве оптеретува дури и за време на викендот. Односите со соработниците не се за пофалба па можете да очекувате судири кои ќе ве фрустрираат. Ви се закануваат трајни непријатности. Бидете внимателни и тактични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП