15 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.05.2020

Дневен хороскоп 05.05.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ќе ви помогнат да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот во желбите од него да добиете подршка.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. На работното место постои можност да бидете предупредени поради неизвршувањето и неточноста на задачите. Побарајте помош за решавање на кризата, нека биде тоа од некоја Вага.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Овој ден ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Внимавајте на здравјето, премногу конзумирате нездрави намирници.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сте се вклопиле во средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактички да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можностите за деловен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи денов е одличен за уметност, а неповолен за материјални вложувања и практични работи добро би било да се испробате во нешто – одлично ќе се чуствувате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП