Овие денови се повеќе се зборува за тоа дека децата во градинките мора да носат маски, што предизвика голема полемика. Еве што мислат германските експерти за тоа.
Носењето маска за лице е препорачано или задолжително во многу земји во борбата против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека кога децата се во прашање, треба да се биде внимателен.
Се поставува прашањето дали одлуката децата да носат маска за лице е разумна? Да, но под одредени услови и на одредена возраст, вели германското здружение за педијатри.
За маските да обезбедат заштита на оние околку нас и лицето кое носи да не се изложува на зголемен ризик потребни се две работи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од коренот на носот до брадата и треба да биде припиена на кожата.
Второ, еднаш откако ќе ја ставиме на лицето не треба повторно да ја допираме.
Кога станува збор за деца, овие услови е нереално да се очекува да ги исполнат, особено оние во раната возраст.
„Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само ако родителите постојано ги предупредуваат – колку е помладо детето, тоа се почесто ќе ја допира маската“.
Затоа, германското здружение за педијатри утврди кои деца можат да носат маски: Според нивното мислење, тие се оние постари од 2 години.
Носењето се препорачува само во затворен простор, додека тие не се задолжителни на отворено, тоа е мислењето на германските лекари.