26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го одложи отворањето на погонот во Америка

Volkswagen го одложи отворањето на погонот во Америка

Германскиот производител на автомобили Volkswagen денес објави дека на неодредено време го одложува продолжувањето на производството во својата фабрика во САД, каде работата требаше да започне на 3 мај.

Во соопштението се наведува дека пред разгледување на новиот датум ќе се процени спремноста на синџирот на снабдување, побарувачката на пазарот и состојбата со пандемијата од коронавирус.

Производството на Volskwagen е суспендирано во Америка од 21 март.

Производителите на автомобили се надеваа дека ќе го продолжат производството на почетокот на мај, но се соочија со бројни препреки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП