30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити го договори Негредо

Сити го договори Негредо

Alvaro_Negredo

Напаѓачот на Севилја, Алваро Негредо ќе игра од новата сезона во Манчестер Сити. Според шпанските медиуми двата клуба постигнале договор за трансферот на шпанскиот репрезентативец.

„Граѓаните“ се уште не упатиле официјална понуда, но се договориле со Севилја да платат 23 милиони евра за Негредо, кој нема желба да остане на „Рамон Санчез Писхуан“. Сумата ќе биде исплатена на три дела.

„Не брзаме со купувања, но е јасно дека ни требаат две или три засилувања. Мислам дека уште до крајот на месецот ќе имаме нови играчи”, изјави менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини.

Чилеанецот ја потврди и разделба со десниот бек Маикон кој е пред договор со Рома.

„Маикон не е со нас на предсезонските подготовки и нема да биде дел од тимот”, објасни Пелегрини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП