5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо само една сезона Ерера ќе го напушти ПСЖ

По само една сезона Ерера ќе го напушти ПСЖ

Андер Ерера е подготвен да го напушти Пари Сен Жермен, пренесе „Ле 10 Спорт“. Ерера (31) минатото лето пристигна во Париз но не успеа да се избори за место во тимот на ПСЖ.

Андер Ерера беше најавен како големо засилување за екипата што ја предводи Томас Тухел, меѓутоа поради честите повреди одигра само осум натпревари. Поради тоа „светците“ ќе му дозволат трансфер на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, иако договорот му важи до 2024 година.

„Ле 10 Спорт“ тврди дека Ерера ќе се врати во клубот каде што блесна на фудбалската сцена, Атлетик Билбао. Инаку професионалната кариера ја започнал во Сарагоса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП