27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимписките игри остануваат под знак прашалник за следната година

Олимписките игри остануваат под знак прашалник за следната година

Одржувањето на Олимпијадата во Токио закажано за следната година е малку веројатно, освен доколку дотогаш не се открие вакцина против КОВИД-19, предупреди водечкиот научник за јавно здравје, професорот Деви Сридар од Универзитетот во Единбург.

„Ако најдеме вакцина до следната година, Олимпијадата е реална. Вакцината ќе го промени текот на настаните. Но, ако тоа не се случи, се чини дека малку е веројатно дека Игрите во Токио ќе се одржат“, рече професорот Сридар.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат летово, но беа одложени до 2021 година заради глобалната пандемија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП