Овен (21.03 – 20.04)
Со партнерот колку што можете повеќе разговарајте за вас, па и за иднината. Никако не можете да се ослободите од напнатоста која ја чувствувате.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе уживате дома во долгите разговори со партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации кои ќе ви се вратат. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е некои работи да не се онака како што посакувате, но тоа не е причина за очајување. Потребно е да поработите на себе за да дојдете со емотивна среќа.
Лав (23.07 – 22.08)
Комуникацијата е клуч за решавање на моменталните љубовни проблеми кои ве мачат.
Девица (23.08 – 22.09)
Уживате во позитивниот однос со саканото лице. Покрај тоа што сте љубовници, имате и искрен пријателски однос.
Вага (23.09 – 22.10)
Од партнерот ќе добиете големо внимание па така лесно ќе го пребродите кризниот период.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве мачи проблематичниот однос со саканото лице. Доколку бидете искрени сериозниот разговор ќе реши се.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Нема потреба да ви биде непријатно, едноставно побарајте помош. Со партнерот викендов ќе поминувате низ потешки ситуации.
Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов главна преокупација нека ви биде релаксацијата.
Водолија (21.01 – 19.02)
Немојте да се нервирате, побарајте совет од домашните. Искористете го викендот за средување на мислите.
Риби (20.02 – 20.03)
Не знаете како да го кажете тоа, а да не бидете погрешно сфатени. Најдобро би било да заброавите што се случувало, не бидете злопамтило.